има мисија да придонесе за јакнење на граѓанското општество преку зголемено учество на граѓанскиот сектор во креирање политика и стимулирање акции
Дознај ПовеќеНаша мисија е да придонесеме за јакнење на граѓанското општество преку зголемено учество на граѓанскиот сектор во креирање политика и стимулирање акции.
Дејноста на ЕРГОС ја сочинуваат активности насочени кон унапредување на економското и општественото живеење на граѓаните, истражување и анализа на општествените состојби, едукација и активности во областа на социјална инклузија.
Нашата цел е да се унапреди опшественото економско живеење преку реализација на разни видови проекти, а преку тоа и да се постигне и унапредување на демократијата преку современи форми на организирање на граѓаните, испитување на јавното мислење и ставовите на граѓаните по однос на сите актуелни прашања од нивниот живот. Преку доставување и изготвување предлози и мислења до надлежни органи и организации да се постигне поефективно делување на МСП, зголемување на вработеноста и разрешување на социјалните проблеми, како и заштита на животната средина.
НВО Ергос е основана во 1998та година. Својот допринес на општеството организацијата ја врши преку активности насочени кон: унапредување на економското и општественото живеење на граѓаните, истражување и анализата на општествените состојби; кон развивање и унапредување на знаењето на информатичката дејност кај невработени и лица со физички недостатоци; како и кон истражувањето и примена на нови технологии и иновации.
• Квантитативни (истражувања со примена на структурирани прашалници каде се вклучени голем број на испитаници)
• Квалитативни (истражувања со собирање, анализа и интерпретација на податоци врз основа на набљудувањата, пообјективни од квантитативните и испитуваниот примерок е најчесто помал)
• Ад хок истражување претставува истражување дизајнирано специјално за потребите на некој конкретен проблем или ситуација.
• Истражување на биро е систематско, кое содржи податоци за конкретниот предмет на маркетинг или социјалното истражување. Често се додаток на “истражувањето на терен”, но може да имаат и големо примарно значење.
• Длабинските интервјуа вклучуват контакт од типот еден-на-еден со испитаници што обично се спроведуват лице-в-лицеили телефонски. Нудиме повеќе типови на фокус групи (едно- и двонасочни, преку дуел, мини фокус групи, со учество на клиенти, онлајн и други).
• Интервју лице-в-лице се користи за директно интервјуирање, со кое анкетарот директно се обраќа на испитаникот за да добие одговор за одредена тема што е цел на истражувањето. Анкетирање со прашалник може да се спроведе и преку е-пошта.
• Интервју во фокус група е процес што се применува за да се добијат детални информации за одредена тема. Тоа е особено корисно за истражување на ставови и чувства и да се извлечат прецизни теми што може да се непознати за истражувачот.
• Телефонско интервју е анкетирање на одредена тема на случаен или намерен примерок на испитаници со помош на структуриран прашалник преку телефон.
• Комбинирани методи за анкети – е начин на истражување каде за да се соберат потребните примарни податоци се применуваат повеќе различни методи за истражување каде се вклучени и претходно споменатите, за да се подобри квалитетот на собраните податоци. На тој начин се врши проверка или тестирање на знаењето на избрана популација за одредена област со помош на однапред изготвен (структуриран) прашалник кои содржи затворени и/или отворени прашања. Изборот на испитаници може да биде случаен и намерен, зависно потребата за конкретното истражување.